Лабараторија

Од самото основање на компанијата, во склоп на 3 СТ успешно функционира и лабораторијата за анализа на моторни и индустриски масла. Лабораторијата на 3 СТ претставува витален, интегрален дел од глобалниот систем за обезбедување на квалитет на производите. Функционирањето на оваа лабораторија вклучува континуирани активности чија основна цел е обезбедување на целосно проверен, безбеден и стандарден квалитет на секој финален производ на 3 СТ, согласно современите барања на високите меѓународни стандарди од оваа област. Лабораторијата врши испитувања, како определување на густината и вискозноста, индексот на вискозност, вкупен базен број, индекс на прекршување, точка на палење, точка на вриење, точка на мрзнење итн. на различни видови на моторни и индустриски масла, адитиви, масла за потребите на земјоделството, антифриз, средства за стакла итн.

Лабораторијата располага со современа и софистицирана опрема од реномирани светски производители и континуирано инвестира во нови апарати и инструменти, што е диктирано од потребите за задоволување на зголемениот број на активности, кои се наметнуваат како неопходна потреба за усовршување и напредување на компанијата.

За успешноста во функционирањето на лабораторијата одговорен е тимот од високо стручни лица, кои континуирано се усовршуваат и го надоградуваат своето знаење во насока на вклопување во светските трендови од соодветната област.

Лабораторијата на 3 СТ, на овој начин, веќе долги години успешно ја остварува својата дејност и континуирано работи на своето работење и подигнување на нивото на услуги кои ги нуди. Моментално во тек е и акредитација на истата.

Страната е во изработка!

 

Under Contstruction!